Во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и во лично име изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до целиот српски народ за големата трагедија во која згаснаа млади животи напиша Спасовски.
Во овој тежок период со кој се соочува Република Србија сите ние сме сплотени во тагата и сочувството кон семејствата на жртвите. Како соседи и блиски пријатели и во овие тешки мигови сме со вас, а нашите молитви со семејствата на жртвите.



