Денешната седница на Владата на Србија почна со една минута молчење во знак на загинатите живото во масакрот кој се случли во Младеновац, само два дена по квавиот чин во училиштетто во Белград. Владата ги усвои сите мерки кои и ги соопшти на јавноста претседателот Александар Вучиќ. Со смирувачки тон Вучиќ и порача на нацијата дека ќе ја „разоружаат“ Србија и ќе го зголемат полициското присуство пред училиштата и на улиците. За оние кои нелегално ќе поседуваат и набавуваат и оружје најави драконски казни.
-Втор пат за 48 часа мораме да се обратиме во ситуација кога секој наш збор нема да биде доволен. Искажувам сочуство до семејствата на убиените. Станува збор за терористички чин. Злосторникот е уапсен и тој веќе нема да види дневна светлина. Нема да биде воведена вонредна состојба во државата – порачал Вучиќ.
Претседателот на Србија обелодени дека од Премиерката Ана Брнабиќ побарал и законско решение за враќање на смртната казна, но неговиот предлог бил одбиен.
Од конкретните мерки, српскиот претседател најави дека сите луѓе во државата кои поседуваат оружје, а ги имало околу 400 000, ќе поминат низ ревизија, додека за оние кои поседуваат или ќе набавуваат нелегално оружје ќе се заострат и казните.
Вучиќ најави дека во наредните 6 месеци ќе бидат вработени нови 1.200 полицајци кои ќе бидат задолжени за обезбедување на училиштата. Според српскиот претседател, планот е за една година да има по еден полицаец во секое школо, со што насилството во училиштата ќе се намали за 80 проценти.



