(Видео) Објавена снимка од куќата во која се криел Урош со роднините, најден огромен арсенал оружје

Убиецот Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац, недалеку од Белград, уби осум лица, а рани 14, полициски сили го донесоа во полициската станица во Смедерево. Го донесоа во комбинезон, само со чорапи на нозете.
Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, па доцна попладнето пристигнал во полициска станица.
РЕГИОН(Видео) По чорапи и во скафандер, убиецот од Младеновац донесен во полициска станицаОбјавено пред 5 часа – 5 мај, 2023Од Макфакс

Убиецот Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац, недалеку од Белград, уби осум лица, а рани 14, полициски сили го донесоа во полициската станица во Смедерево. Го донесоа во комбинезон, само со чорапи на нозете.

Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, па доцна попладнето пристигнал во полициска станица.

Урош Блажиќ утрово е уапсен во близина на Крагуевац откако цела ноќ бегал од полицијата.

Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а тој бил уапсен во петокот наутро околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини. Вујкото и дедото на убиецот потоа биле уапсени под сомнение дека му помогнале да се скрие. При бегството тој упаднал во автомобилот на таксист. Таксистот успеал да пријави во полиција дека го видел убиецот.

Урош побегна во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини.
Тоа е село оддалечено околу 50 километри од Младеновац. Таму бил до утрово, додека не бил уапсен во таа куќа.

Полицијата пронашла огромен арсенал оружје во куќата во која вообичаено живеат вујкото и дедото на Урош Блажиќ. Тоа видео го објави и Министерството за внатрешни работи на Србија.

Треба да знаете
Последни објави