„Нема доволно силна и бројна политичка опција која може да ги наруши пријателските односи
меѓу државите Северна Македонија и Грција и меѓу граѓаните на овие две држави“ вели
експремиерот Зоран Заев во изјава за грчкиот весник „Efsyn“.
Тој додава дека постојат радикални политички групи кои имаат анти-зпаадни наративи, но
нашите институции и општества нема да дозволат тие да ја загрозат иднината.
„Затоа е важно да ги поддржуваме сите иницијативи кои овозможуваат поврзување и
соработка меѓу државите и граѓаните, за екстремните гласови да останат изолирани од двете
страни“ смета Заев.
Според експремиерот двете држави и граѓаните во двете држави денес градат пријателства и
добрососедство, за разлика од тоа што се случуваше од 1991 до 2018



