Објавена книга од хуманитарецот Денис Јанкуловски, „Авантурите на Космонаутко“

Со задоволство ве известуваме дека издавачката куќа Прозарт медиа ја објави книгата „Авантурите на Космонаутко“, првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.

Јанкуловски ги објавува неговите приказни од ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж.

За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и граѓански активист тој е добитник на наградата „Европеец на годината“ за 2020 година, доделена од делегацијата на Европска Унија во Македонија. Добитник на наградата „Филантроп на годината“ за 2021 г., доделена од Horus Macedonia. Прогласен за амбасадор на говор против омраза од страна на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Македонија, во 2022 г. Добитник е на државната награда „Мето Јовановски“ за промоција, заштита и унапредување на човековите права, во 2022 г.

Авторот ќе потпишува примероци од неговата книга на штандот на Прозарт медиа во сабота од 13 часот, на Саемот на книгата.

Објавувањето на „Авантурите на Космонаутко“ е поддржано од Министерството за култура.

на ден 08.05.2023 год. ќе се започне со градежни активности на објект: Поставување на заштитна звучна ограда на автопатот А2, делница Скопје -Тетово, од страна на фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје согласно склучениот Договор помеѓу договорниот орган Јавно претпријатие за државни патишта и фирмата изведувач ДГПТУ БИТЕМ ДООЕЛ Скопје.

Исто така Ве известуваме дека на трасата на која ќе се изведуваат градежните работи ќе има времен режим на сообраќај согласно Одобрението за измена на режимот на сообраќај издадено од страна на Министерство за транспорт и врски, за што на горенаведената локација ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува на сите возачи внимателно да се движат почитувајќи ја поставената сигнализација.

Треба да знаете
Последни објави