Пандев му ја честита шампионската титула на Елмас

Елиф Елмас синоќа и официјално стана вториот македонски фудбалер кој ќе може да се пофали дека ја има освоено титулата во италијанската Серија А, откако неговиот тим Наполи со ремито на гости кај Удинезе (1:1) во 33. коло и теоретски го обезбеди првото место на пет кола пред крајот. Наполи (80 бода) сега има недостижни 16 поени предност пред второпласираниот Лацио (64).

Пред Елмас на „скудетото“ се има радувано и македонската фудбалска легенда Горан Пандев со тимот на Интер. Токму Пандев му испрати честитка на Елмас.

Играчот на наполитанците во повеќе наврати има порачано дека во популарниот Гоче гледа како на свој идол и постар брат, а Пандев покажа класа и топло му честиташе за големиот успех во клупската кариера.

„Секоја чест бато, да се множат“, напиша Пандев.

Треба да знаете
Последни објави