По повод 08 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на град Скопје организира јавен настан преку кој ја истакнуваме хуманитарната заложба на поединците во заедницата кои честопати се првите кои подаваат рака и ги поддржуваат оние на кои им е потреба помош.
Црвен крст на град Скопје и 5-те ООЦК на територија на град Скопје, во соработка со Лукоил, Македонски пошти, СВР Скопје ќе реализира активност на која ќе биде промовирана новата поштенска марка и теренска вежба – укажување на прва помош од страна на учесници во сообраќајот/возачи.
Настанот е планиран да се реализира на 8 мај (понеделник) на 5 локации во градот Скопје и тоа:
· Централна локација- Порта Македонија-Центар (промоција на поштенска марка)
· Пред бензиска пумпа Лукоил Автокоманда
· Пред бензиска пумпа Лукоил Аеродром
· Пред бензиска пумпа Лукоил Кисела Вода
· Пред бензиска пумпа Лукоил Карпош
На централната локација со почеток во 11.00 часот ќе биде промовирана поштенската марка во соработка со Македонски пошти и на локацијата ќе има официјални обраќања. Во исто време на останатите локации ќе бидат поставени пунктови со симулација на повредени лица на кои треба да им се укаже прва помош. Сообраќајната полиција би ги запирала учесниците во сообраќајот со моторни возила со цел проверка на знаењата со практично прикажување прва помош. Секој учесник кој правилно ќе ги санира повредите ќе добие награда- сет за прва помош во автомобил. Исто така на учесниците во вежбата ќе им биде поделен и информативен материјал за значењето и примената на Првата помош во секоја сегмент од животот.
Исто така ќе биде организиран и Оскар на хуманоста на 9 мај (ресторант Парк- weddings and events/ Градски парк) со почеток во 20:00 часот. На настанот ќе бидат доделени награди за наши партнери, поддржувачи од корпоративниот сектор, но и на поединци кои со својата лична ангажираност многупати покажеле дека тие се оние кои прават позитивни промени во заедницата, преку нивната хуманитарна заложба.



