Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Повеќе од една и пол година ВМРО-ДПМНЕ ја има власта во Скопје и тоа е една и пол година на пропаѓање на градот на секое поле.
Хаосот со јавниот превоз се уште трае а Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не прават ништо за да го решат тој проблем.
Автобуските линии и натаму не се редовни, има постојана гужва во автобусите на ЈСП кои и често се расипуваат.
Граѓаните плаќаат пенали кон ЕБОР за проектот Бас рапид транзит, а Арсовска не само што не го реализира туку не го реализира ниту ветувањето за нови 250 еколошки автобуси.
Не се реализираат наследените проекти како реконструкцијата на Универзална сала и мостот на АСНОМ, а со невидено споро темпо се реализира изградбата на клучката кај Момин поток и пробивањето на Есенинова.
Јавните градски претпријатија едвај функционираат затоа што Арсовска постојано ги менува директорите, градот е нечист, запустен, без перспектива.
Исто е и во скопските општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ.
Нема реализација на ветените проекти, но затоа има бетонизација на зелени површини, партизација на администрацијата, задолжувања и лоши услуги за граѓаните.
Тоа се последиците од првата половина од мандатот на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, поддржани од советници од Левица.
Граѓаните со право се разочарани и не заслужуваат ваков дрзок игнорантски однос од градската и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.