Крунисан кралот Чарлс Трети, Камила стана кралица

Во позлатена кочија и со воена придружба кралската двојка од Бакингемската палата пристигнаа во Вестминстерката опатија. Поворката, на улиците на Лондон, ја поздравија стотици илјади грагани. 

Со заклетва и со благослов на надбискупот, Чарлс Трети е крунисан со круната на свети Едвард. 

На церемонија е крунисана и неговата втора сопруга Камила. На свечениот чин присуствуваше кралското семејство, меѓу кои неговиот син Хари кој пристигна без својата сопруга Меган Маркл. Покрај најблиските, на крунисувањето присуствуваа 2.300 званици. Меѓу нив шпанскиот крал и белгиската кралица, бројни државници,  добитници на Нобеловата награда, познати активисти, но и лица од светот на филмот и музиката. 

Претседателот Бајден не присуствуваше, а наместо него  американската делегација ја предводеше неговата сопруга.  

Но, и покрај одушевувањето на огромен број Британци, имаше и такви кои демонстрираа против монархијата, а некои од нив беа и уапсени. 

Со официјалното крунисување, Чарлс стана крал  на Британскиот Комонвелт, Здружение на 56 независни суверени држави, од кои за 14 меѓу кои и Британија каде тој е и шеф на државата.

Треба да знаете
Последни објави