Милан со триумф над Лацио се врати во трката за ЛШ, но го загуби Леао за мечот со Интер

Поранешниот италијански шампион Милан славеше во дербито против Лацио со 2-0 во 34. коло од Серија А и се врати во игра за пласман во топ-4 и место во Лигата на шампиони (ЛШ).

Леао во 11. минута се повреди, по што мораше да биде заменет, а само шест минути подоцна Бенасер погоди за водство од 1-0.
Во 29. минута Тео Ернандез ги воодушеви навивачите, откако го претрча цел терен и постигна спектакуларен гол за 2-0.

Лацио имаше неколку шанси во второто полувреме, но не реализира ниту една од нив, па Милан си освои три бода.
Милан сега има 61 бод или три помалку од денешниот ривал кој е на втората позиција во Калчото.

Сепак, триумфот имаше цена -Леао има повреда на задната ложа, сигурно дека ќе има пауза, а само три дена пред големото дерби со Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави