По сончевниот викенд, времето в понеделник нестабилно со пороен дожд

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени, информираат од УХМР.

Утре ќе се задржи претежно сончево и уште потопло време, попладне со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во понеделник попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и значително посвежо време со повремени врнежи од дожд кои во вторник, кога ќе преовладува облачно време, ќе бидат пообилни.

Треба да знаете
Последни објави