По само една година помината во Серија Б, Џенова ќе се врати во елитата во Серија А следната сезона, благодарение на саботната победа против Асколи (2-1), обезбедувајќи едно од првите две места.
На две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната, „Грифони“, кој е прекар на лигурскиот клуб, има осум бода повеќе од третиот Бари, кој ремизираше со Модена (1-1). Џенова на тој начин му се приклучи на Фросиноне, кој во понеделникот и математички го потврди враќањето во најсилната лига на италијанскиот фудбал.
Третиот билет за елитата ќе биде поделен по баражот во кој ќе играат екипите кои ќе завршат од третото до осмото место во регуларниот дел од сезоната.
Интересно е дека попладнево на трибината каде што е најверните и најгласни фанови на Џенова, се појави и знаме на кои пишува Горан, а буквите се во боите на клубот, сина и црвена. Горан Пандев беше на стадион и го прослави враќањето на тимот во Серија А.
Џенова, која од декември ја тренира поранешниот италијански репрезентативец Алберто Џилардино (40), се враќа во Серија А, додека другиот клуб од Џенова, Сампдорија, кој моментално е последен во првата лига, најверојатно ќе испадне.
Џенова крикет и фудбалски клуб е историски италијански фудбалски клуб, основан во 1893 година. Тој го освои првото италијанско првенство во 1898 година и има вкупно девет титули, од кои последната датира скоро еден век (1924).