Иако е претплатен за кинење на противничките мрежи, Ерлинг Халанд на денешниот меч против Лидс покажа дека сепак е само човек. Норвешката машина за голови не се запиша во листата на стрелците против клубот од неговиот роден град, но сепак режираше инетерсен момент.
Имено, во 35. минута „деветката“ на Сити во свој стил побегна од последната линија на противникот, се втурна кон голот, а потоа наместо во мрежата, ја испрати топката во гол-аут. И на кој начин. Колку беше несмасен обидот на Халанд најдобро говори неговата реакција, со оглед на тоа како не можеше да си поверува во тоа што го направи, па прсна од смеење и со тоа остана на 35 гола во дебитантската сезона во Премиер лигата.
Гледајте го промашувањето на Халанд ТУКА
Наместо Норвежанецот, Илкај Гундоган со два гола го предводеше Сити до победата, а во 84. минута пропушти можност за хет-трик по промашувањето од белата точка. Само минута подоцна Родриго му даде надеж на Лидс, но избраниците на Гвардиола сепак победија со 2:1.
Сити сега има ист број одиграни натпревари со Арсенал, но и 72 бода, шест повеќе од ривалот од Лондон.