На 05.05.2023 полициски службеници од Полициската станица Центар при СВР Скопје извршиле службен разговор со Е.Р. (18) и три 17-годишни малолетнички, сите ученички во средно училиште во Скопје, на кој присуствувале и нивните родители, по добиена пријава од вработени во училиштето дека ученичките на социјална мрежа постирале содржина со закана кон ученичка во истото училиште и други лица.
Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 05.05.2023 во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје затоа што во 11.48 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачје на општина Карпош во кое учел било пријавено дека на 02.05.2023 наставник во училиштето кај него пронашол неиспукан куршум.
Полициски службеници го подигнале куршумот и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.