Масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, во кој беа убиени осум ученици и еден обезбедувач, ја шокираше Србија, а сега барем така тврди Курир, се сомнева дека 13-годишниот Коста Кецмановиќ го извршил масакрот инспириран со видео во кое се повикува на вооружена пресметка со „хејтерите“.
Како што велат од Курир, дошле во посед на видео со застрашувачки пораки, а младиот човек кој го снимил бил приведен, што за Курир го потврдил извор близок до државните институции.
Видеото објаснува како да се справите со „оние кои не ве сакаат“.
Авторот, меѓу другото, вели дека „во денешно време има многу „хејтери“, а некои од нив ви се и пријатели“, а потоа покажува арсенал оружје и подготовки за масовно пукање.
„Денес немав друг избор освен да дојдам во градот и да се ослободам од личноста која ми се закануваше по животот. Цела рамка куршуми, ми треба само еден. Нема друга опција, тој или јас. Ова е само почеток, вели тој”, а потоа пука.
Авторот на филмот има речиси милион следбеници на социјалната мрежа Тик Ток, од која видеото во меѓувреме е отстрането, а Курир тврди дека има докази дека 13-годишниот осомничен за масакрот во училиштето бил еден од нив, а се сомнева дека видеото го инспирирало да го изврши делото.