Ливерпул пак победи и е се поблиску до ЛШ, Салах го постигна голот кој го однесе во бесмртноста

Ливерпул продолжува со победничка низа во англиското првенство, откако на својот „Енфилд роуд“ минимално со 1:0 го победи Брентфорд, во дуел од 35. коло. Мохамед Салах погоди во 13 минута и на крајот тој се покажа како доволен за три бода на домаќините.

Екипата предводена од Јирген Клоп мечтае дека може да стигне барем до четвртото место, па и следната сезона да може да играат во Лигата на шампиони.

Ливерпул сега има 62 бодови, еден помалку од Манчестер јунајтед, но Црвените ѓаволи имаат два меча за доигрување.

Погодокот на Салах е многу важен за напаѓачот, затоа што тој стана најдобар стрелец во историјата на египетскиот фудбал. До овој меч, Салах беше израмнет со легендарниот Хосам Хасан со по 313 постигнати голови во кариерата, а сега Мо е на котата од 314 погодоци и е осамен на листата на најдобри во историјата на египетскиот фудбал.

Салах најмногу погодоци постигна во дресот на Ливерпул (185), како играч на Рома постигна 34 погодоци, 20 пати погодуваше за Базел, а се радувал на погодоци и како играч на Ал-Мокавлун (12), Фиорентина (9) и Челзи (2). Во националниот дрес на Египет постигна 53 погодоци.

Треба да знаете
Последни објави