Голем број семејства и пријатели се собраа пред капелата на белградските гробишта „Лешче“ за да му оддадат последна почит на трагично загинатиот чувар на основното училиште „Владислав Рибникар“, кој заедно со уште осум ученици беше усмртен од Коста Кецмановиќ (13).
Забележливо било што на тажниот собир присуствувале голем број млади луѓе со бели цветови во рацете, што само уште еднаш покажува колку бил сакан и почитуван убиениот Драган Влаховиќ.
На погребот можеле да се забележат голем број млади луѓе кои тивко се приближале до капелата со бели цветови, соопштија српските медиуми.
Поради зголемениот стрес и сериозноста на ситуацијата, ангажирани биле и службите за укажување лекарска помош.
Како што пренесуваат медиумите, во текот на денот ќе бидат погребани уште тројца ученици од тоа училиште.