Шокантни детали од истрагата: Коста го проучувал кривичниот законик и сфатил дека не може да оди во затвор за убиствата

Коста Кецмановиќ, 13-годишното момче кое во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград кој уби осуммина негови врсници и училишното обезбедување Драган Влаховиќ и рани седум други, детално го испланирал страшното убиство, но и како да избегне затвор, дознава Блиц.

Имено, полицијата на момчето му го одзеде телефонот, но и компјутерите, а целиот материјал е испратен на вештачење.

-Тој со денови го истражуваше Кривичниот законик на Гугл, односно која е старосната граница за одење во затвор кај нас. Токму затоа, како што се сомнева, свесно го избрал овој момент за напад, бидејќи сфатил дека децата до 14 години не одат во затвор и не се кривично одговорни. Практично побрзал да го изврши делото до својот 14-ти роденден, што е во јули, за да не може да биде кривично гонет, објаснува изворот и забележува дека момчето е сместено во психијатриска клиника.

Исто така, освен што играл видео игри со пукање и оделна стрелиште, Коста со татко му тренирал и ерсофт, што е воено-тактичка симулација каде се симулирало пукање од реплики од оружја. Покрај ова хоби, тој сакал да гледа криминални серии и хорор филмови.

– Постојано ја гледаше американската серија „Криминални умови“, во која тим агенти напорно работи на откривање на убиецот, кој „брилијантно“ го планирал, а потоа го извршил злосторството, вели изворот.

Дека уживал во хорор филмовите покажува и тоа што на Фејсбук објави слика од својот лик во виолетова боја, со крстови преку очите и сошиена уста. Оваа фотографија е направена според хорор филмот The Purge- „Прочистување“.

-Темата се заснова на тоа дека во еден град во Америка сите граѓани излегуваат на улица и имаат рок од 12 часа да убијат кого сакаат, колку луѓесакаат и дека не можат да одговараат за тој чин – наведува соговорникот.


Исто така, како што е утврдено, Коста бил опседнат со американскиот фим „Американска трегедија“ за масакр во училиште во САД, а го гледал и ноќта пред масовното убиство и по неколку часа подоцна извршил страшно злосторство.

Треба да знаете
Последни објави