Како што е познато Коста Кецмановиќ(13) во средата наутро уби осум школски другари и чуварот Драган Влаховиќ.
Според зачудувачките податоци до кои дојде „Блиц“, од 57 куршуми што ги испукал, дури 34 ги погодиле жртвите, додека се уште не се знае колку истрели ги погодиле повредените.
Според Блиц, како што може да се види на снимката од надзорната камера, кобниот ден Коста влегол во белградското училиште со отворен ранец на градите.
Обезбедувачот Драган Васиљевиќ забележал дека Коста е вознемирен и како да се двоумел околу нешшто додека стоел во дворот, а ранецот наместо на грб го носел пред себе. И тогаш чуварот го запрел да го праша што не е во ред. По краткиот разговор Коста извадил пиштол и испукал еден истрел кон Драган.
-Растојанието на кое стоеше чуварот Драган Влаховиќ во однос на Коста било околу 9 метри! – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.
Влаховиќ бил погоден со куршум во градите, поради што паднал на земја.
Кечмановиќ не застанал тука, туку, пукал во двете дежурни ученички и уште една која била во училишниот ходник.
-Кога ја убил третата девојка, Коста Кечмановиќ ја извадил рамката од пиштолот и го фрлил. Од ранецот извадил нова рамка и влегол во училницата каде пукал во сите – вели изворот на „Блиц“.
Претходно наставничката по историја откако ги слушнала истрелите и го видела Коста со пиштолот ги кренала рацете кон оружјето да го спречи да пука, но ја застрелал. Слично реагирала и една од убиените ученички која му се обратила и го праша „зошто тоа го прави и му рекла да престане“, по што ја застрелал и неа. Сепак, тоа било доволно време дел од децата да се засолнат под клупите или да избегаат низ прозорците.
Според овие информации, начинот на кој Коста го извршил делото и способноста да пука прецизно на само 13 години покажува дека голема одговорност лежи во тоа што неговиот татко Владимир од 12-тата година на момчето го однел Коста на стрелиште.