Работнички стана првиот тим кој оваа сезона победил на гости кај Гостивар, за со 77:63 победата во „мајсторката“ да го осигураат пласманот во полуфиналето на македонскиот плејоф.
Тимот на Димитар Мираковски имаше фантастичен почеток, добивајќи ја првата четвртина од мечот со 25:13, но Гостивар се обиде да се врати, за скопскиот тим да има релативно мала 42:34 предност. Со одлична серија од 7-0 со Ефремовски и Корсантија, Гостивр е врати во игра и израмни на 48:48 во третата четвртина.
Во одлучувачките 10 минути, Работнички беа постабилни за да ја запечатат победата. Умпиг заврши со 17 поени за Работнички, Малешевиќ додаде 16, додека кај Гостивар, Корсантија заврши со 18 поени.
Претходно во полуфиналето се пласираа и МЗТ Скопје и ТФТ Скопје, додека Пелистер и Феникс 2010 ќе играат „мајсторка“ во Битола вечерва со почеток од 20.30 часот.