Големата награда на Мајами во Формула 1 ќе започне вечерва во 21 часот и 30 минути, а возачот на Ред Бул, Серхио Перес ќе стартува од пол-позицијата.
Мексиканецот беше најбрз во моментот кога третиот дел од квалификациите беше прекинат на минута и 36 секунди пред крајот, откако возачот на Ферари, Шарл Леклер излета од патеката и удри во заштитниот ѕид.
Мексиканскиот возач стигна до пол-позицијата со време од 1:26.841 минути. Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, кој беше побавен за 0,361 секунди, ќе стартува од второто место.
Возачот на Ферари Карлос Саинс со 0,508 секунди заостанување и пилотот на Хас Кевин Магнусен ќе стартуваат од вториот ред.
Од петтото место ќе стартува Пјер Гасли од Алпин, а од шестото возачот на Мерцедес Џорџ Расел.
Леклерк заврши седми, Естебан Окон од Алпино осми, а двократниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул не успеа да забележи време во третата делница, па ќе ја започне трката од деветтото место.
Седумкратниот светски шампион и возач на Мерцедес, Луис Хамилтон ги заврши квалификациите по вториот дел, па трката ќе ја започне од 13. место.
Ферстапен е прв во генералниот поредок со шест бода повеќе од тимскиот колега Перес.