Околу 23.000 луѓе избегаа од етничкото насилство во североисточна Индија во кое загинаа 54 лица, соопшти денеска тамошната армија.
Немири избувнаа во индиската држава Манипур каде протестниот марш организиран од племенска група во средата прерасна во судири, во кои беа запалени возила и куќи.
Армијата распореди неколку илјади војници во земјата, која граничи со Мјанмар, и издаде наредби за употреба на оружје „во екстремни случаи“. Воведен е полициски час, а интернетот е исклучен.
„Вкупно 23.000 цивили досега се спасени и префрлени во нашите воени бази или гарнизони“, се вели во соопштението на армијата.
Североисточна Индија со децении е сцена на конфликт меѓу етничките групи и сепаратистите кои бараат поголема автономија, дури и отцепување.
Околу 50.000 луѓе се убиени во Манипур од 1950-тите.