Јувентус ја совлада Аталанта во Бергамо со 0-2, и така станува јасно дека сигурно чекори кон пласман во Лигата на шампионите идната сезона, додека Аталанта со овој пораз веќе ги губи и оние мали шанси да се најде меѓу првите четири тима во Италија.
Алегри имплементираше неколку млади играчи во првиот тим оваа сезона, а последен во листата е Самуел-Ајлинг Јуниор, младиот тинејџер од Англија кој има само 19 години.
Станува збор за фудбалер кој игра на крилната позиција и кој доста помага во одбрана, но денеска за првпат имаше деби како стартер и направи истото да го памети уште долго.
Јувентус беше во подредена улога во Бергамо кога е поседот на топката во прашање, меѓутоа успеа да извојува голема победа, пред се благодарение на голот кој го псотигна Ајлинг на стартот на вториот дел. Младиот офанзивец фантастично ја украде топката од Ѕапакоста, па иако се најде на земјата во дадената ситуација, успеа да ја продолжи акцијата, а потоа и со доста среќа да се израдува на својот прв гол во дресот на Јувентус, погодок по кој работите беа доста полесни за гостинот од Торино.
Вториот гол за „Старата дама“ на денешниот меч го постигна Душан Влаховиќ.
Србинот повторно не беше во стартниот состав, доби шанса во 65. минута наместо Милик, а во 98. минута се запиша меѓу стрелците и тоа на феноменален начин.
Сепак, на денешниот натпревар освен убав гол, имаше и една грда сцена, бидејќи навивачите на Аталанта во еден момент го навредуваа Влаховиќ, поради што натпреварот беше прекинат на кратко.
– Ти си циган – викнал еден навивач, а Влаховиќ му гестикулирал со рацете и за тоа добил жолт картон.