Радиша Б., татко на убиецот од Младеновац, починал денеска од срцев удар, пренесуваат српските медиуми.
Неговиот син, Урош Б., во четвртокот вечерта на територијата на Смедерево и Младеновац со истрели од автоматско оружје убил 8 лица, а се обидел да убие вкупно 12 лица.
На денешниот распит во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, тој признал дека пукал со автоматска пушка и пиштол во Мали Орашје и Дубона во група луѓе кои не ги познавал, за да го исплаши населението.