Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, Скопје повеќе од една и пол година пропаѓа на секое поле.
Исто е и во скопските општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Нема реализација на ветените проекти, но затоа има бетонизација на зелени површини, партизација на администрацијата, задолжувања и лоши услуги за граѓаните.
Наместо 250 нови еколошки автобуси, граѓаните добија хаос во јавниот превоз во Скопје. Автобуските линии и натаму не се редовни, има постојана гужва во автобусите на ЈСП, а Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не прават ништо за да го решат тој проблем.
Граѓаните плаќаат пенали кон ЕБОР за проектот Бас рапид транзит, што Арсовска го прекина, не се реализираат наследените проекти како реконструкцијата на Универзална сала и мостот на АСНОМ, клучката кај Момин поток и пробивањето на Есенинова се одвиваат бавно и со застои.
Јавните градски претпријатија едвај функционираат затоа што Арсовска постојано ги менува директорите, градот е нечист, запустен, без перспектива.
Наместо да се грижат за граѓаните, се караат за рацете во медот, тендери и бизнис влијанија.
Граѓаните со право се разочарани и не заслужуваат ваков дрзок игнорантски однос од градската и локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.