Еден од најдобрите и најпопуларни боксери на денешницата, Канело Алварез ги одбрани појасите на светскиот шампион во суперсредна категорија, откако во родната Гвадалахара го совлада Британецот Џон Рајдер.
Мексиканецот победи пред 50.000 луѓе со одлука на судиите по максимални 12 рунди.
На тој начин го подобри учинокот на 59 победи, покрај кои има два порази и исто толку нерешени.
Рајдер, кој забележа шест порази (остана на 32 победи), издржа до крајот на борбата, но Канело доминираше во поголемиот дел од натпреварот.
Во третата рунда Мексиканецот му го скрши носот на противникот, а во петтата рунда беше соборен.
Еден од судиите му ги додели сите 12 рунди (120:107), додека другите две малку поинаку ги распределија бодовите (и двете 118:109 во корист на Алварез).
На стадионот во Гвадалахара владееше фантастична атмосфера, а пред борбата ја загреа Канело и неговиот спектакуларен влез во рингот.
32-годишниот борец ги одбрани шампионските титули на WBA, WBC, IBD, WBO и „The Ring“.