Евертон го прегази Брајтон за излез од опасната зона

Евертон излезе од зоната која води во второлигашки фудбал на „Островот“ следната сезона откако во 35. коло славеше со убедливи 1-5 на гостувањето кај Брајтон. До победа „карамелите“ ги предводеше Докуре со голови во 1. и 29. минута, а веќе на полувремето резултатот гласеше 0-3 по автоголот на Стил.

Во 76. минута МекНил ги донесе највисоките 4-0, а Мек Алистер три минути подоцна го ублажи поразот кој може да има големо значење во амбициите на Брајтон за излез во еврпските натпреварувања следната сезона. МекНил во шесттата минута од судиското продолжение ги постави конечните 1-5.

Брајтон останува на седмата позиција на табелата која води во Конференциската лига, додека Евертон го завзема 16. место со 32 освоени бода.

Треба да знаете
Последни објави