Леао неизвесен за пресметката против Интер во ЛШ

Во таборот на Милан владее загриженост пред првата полуфинална пресметка во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) против градскиот ривал Интер која ќе се игра в среда. Причина за ваквото расположение е повредата на Рафаел Леао, пренесуваат денеска италијанските медиуми.

Дваесетитригодишниот португалски фудбалер и веројатно најсилниот адут кој Милан го има пред двата полуфинални натпревари против Интер се повреди на последниот првенствен натпревар во Серија А.

Леао во победата на Милан над Лацио (2-0) мораше да го напушти теренот по само 11 минути. Иако тренерот на Милан, Стефано Пиоли, првично рече дека повредата на адукторот не е голем проблем, италијанските медиуми објавија дека настапот на Леао на дуелот в среда е под голем знак прашалник.

Леао со 12 голови е на шестото место на листата стрелци сезонава во Серија А, а и во натпреварите во ЛШ беше носител на играта на Милан. 

Треба да знаете
Последни објави