Русите почнаа масовна, како што велат, „привремена евакуација“ на населението од 18 населени места во окупираната област Запорожје, вклучувајќи го и градот Енерходар, каде што се наоѓа најголемата нуклеарна централа во светот.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е сè понеизвесна и потенцијално опасна, а нивните експерти, кои се наоѓаат во нуклеарната централа исто така се известени за евакуација на населението, но тие сепак остануваат таму.
Намерата е да се евакуираат речиси 70.000 луѓе, пишуваат руските медиуми, а како што пишува московскиот весник МК, тоа се прави „поради очекуваната украинска офанзива“ во тој простор, кој е под постојан „оган од украинските сили“, а особено наведуваат дека поради украинските напади „самата нуклеарна централа е во опасност“.
Русите успеаја да ја освојат нуклеарната централа на почетокот на војната, на 4 март 2022 година.
Иван Фјодоров, украинскиот градоначалник на Мелитопол, град кој моментално го држат Русите и кој треба да биде прва цел на најавениот украински контранапад, вели дека евакуацијата се случува бидејќи во областа има голем недостиг на храна и лекови, недостиг на гориво, а има проблеми и со снабдување со вода и електрична енергија.