Во јужната индиска држава Керала најмалку 21 лице го загубија животот кога се преврте туристички брод.
Спасувањето е во тек, а како што пренесуваат локалните медиуми, бројот на загинатите би можел да биде и поголем, но точниот број на исчезнатите сè уште не е утврден.
Напорите за спасување се во тек. Меѓу жртвите има жени и деца.
Најмалку четири лица, кои се пренесени во болница, се во критична состојба, како што потврди министерот за спорт и рибарство на Керала.
Преживеаните сведочат дека многу патници не носеле елеци за спасување во моментот на несреќата.
Бродот со патници бил преполнет, што резултирало со превртување, изјави полицаецот Абдул Назар. Но, властите спроведуваат истрага за да се утврди точната причина за оваа трагична несреќа.
Иако бродот имал капацитет за 50-ина луѓе, се претпоставува дека во моментот на несреќата на бродот имало двојно повеќе патници.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство на својот твитер-профил.
In Kerala, India, a tourist boat carrying around 40 passengers capsized. There are currently at least 21 dead and 7 in critical condition. Hanke’s School Boys Theory of History: It’s just one damn thing after another. Take a look:pic.twitter.com/WmtJLyTFxm
— Steve Hanke (@steve_hanke) May 8, 2023