Најдоброрангираниот македонски тенисер, Калин Ивановски скокна две места на најновата АТП листа, објавена денеска, каде прв рекет во светот и оваа недела останува Србионот Новак Ѓоковиќ.
Ивановски со 92 бода сега е на 459. место во поединечна конкуренција. Овој пласман за Калин не е најдобар затоа што во текот на оваа календарска година беше и 457. позиција.
Од останатите македонски тенисери, Обрад Марковски е на 1127-та позиција, Горазд Србљак имаше најголем напредок од 46 места, па сега е 1132. место а по него се Томислав Јотовски и Стефан Мицов.
Најдобрата петорка во светскиот тенис која ја предводи Ѓоковиќ ја сочинуваат Карлос Алкараз, Данил Медведев, Каспер Руд и Стефанос Циципас.