Јокиќ постигна 53 поени, но недоволно за победа против Феникс

Кошаркарите на Феникс го победија Денвер Нагетс со 129:124 во четвртиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција и изедначија во серијата на 2:2, а НБА беше сведок на еден од најбизарните инциденти оваа сезона.

Јокиќ постигна 53 поени (20/30 од поле) и подели 11 асистенции, но Санс предводени од дуото Дурент-Букер (двајцата по 36 поени) победија и ја израмнија серијата.
Српскиот центар уште од самиот почеток беше многу агресивен, ги искористи силите за да дојде до лесни поени во рекетот, а домаќините имаа подготвен одговор.

Букер повторно имаше одлична шутерска вечер (14/18 од поле, 3/4 за три), на која додаде и 12 асистенции (рекорд во кариерата во плеј-офот), а се „запали“ во третата четвртина, кога постигна 17 поени со што му помогна на Феникс да влезе во последните 12 минути со шест поени (98:92).

Сепак, две лоши ситуации во нападот застанаа помеѓу избраниците на Мајк Мелоун и победа во натпреварот. На две и пол минути до крајот на натпреварот, при резултат 121:116, Денвер имаше шанса да му се доближи на еден напад на ривалот по серијата од пет последователни поени на Никола Јокиќ. Мајкл Портер му ја украде топката на Букер, но наместо да чека тимот да одигра позиционен напад, тој истрча на контра, нерационално шутна за три и го промаши целиот кош.

Сепак, Нагетс успеаја да се вратат, па на 48 секунди до крајот имаа напад за потенцијален минус еден или нерешен резултат, бидејќи на семафорот беше 123:120 во корист на домашните. За жал, Јокиќ и Мареј се заплеткаа, Никола за момент ја загуби топката, а потоа и не успеа во потфрлањето со Ејтон да ја освои топката.

Петтиот натпревар од серијата е закажан за вторник во Денвер. Домашниот тим победи на сите натпревари досега. Санс втор натпревар по ред беа без ветеранот Крис Пол.

Дурент имаше 36 поени, 11 скока и шест асистенции. Лендри Шамет, изненадувањето на вечерта, забележа учинок од 19 поени, од кои 14 постигна во последната четвртина. Кај Нагетси Мареј додаде 28 поени.

Србинот беше доста лут на целата екипа поради фактот што не можеше да се одбрани од Дурант и Букер па во еден момент имаше излив на гнев кон соиграчите.

Треба да знаете
Последни објави