Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа” денеска беше и во општините Демир Хисар, Кавадарци и Свети Николе.
Претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ Гоце Георгиевски, со граѓаните на Демир Хисар разговараше за земјоделските политики, пред се за новиот систем на авансна исплата на субвенциите.
Владата на СДСМ како никоја претходно вложува во сите гранки на земјоделството и покажува вистинска грижа за сите земјоделци, за прв пат субвенциите ги исплаќаме авансно за парите да ги добијат тогаш кога им е најпотребно, истакна Георгиевски.
Членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска, заедно со Фарук Омери денеска беа рамо до рамо со граѓаните на Каварадци.
Оваа година Денот на Европа го одбележуваме како земја преговарач за членство во ЕУ, со крајна цел полноправно членство во Унијата до 2030 година, рече Грковска, додавајќи дека сите без исклучок ги чувствуваат придобивките од забрзувањето на евроинтеграциите и отворањето на преговорите со ЕУ, по 17 години чекање.
Ние, како одговорна партија, заслужна за секој национален успех до сега, остануваме силно посветени на европскиот пат, целосно подготвени и мотивирани да ги надминеме сите предизвици. Европските стандарди и вредности ги носиме дома, а државата ја носиме онаму каде што припаѓа – во големото европско семејство, порача Грковска.
Со граѓаните на Свети Николе, во рамките на теренските активности на СДСМ се сретна Славица Кутиров.
Денеска на Денот на победата над фашизмот сме со вас граѓаните заедно да оддадеме почит на борците од НОБ, кои се изборија ние денес да живееме во независна, суверена и слободна држава, нагласи Кутиров, додавајќи дека битката на нашите предци од НОБ беше слобода, независност и еднаквост, а денес нашата битка е интеграција и рамноправност во Европската унија.