Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е виновен за сексуален напад на колумнистката Е.Џин Керол.
Поротата составена од шест мажи и три жени нареди Трамп да ѝ плати на жртвата пет милиони долари отштета. Тој ќе се соочи само со парична казна.
Поротата одлучи да и додели на Керол два милиони долари за силувањето и три милиони бидејќи Трамп беше прогласен за виновен за клевета и за тоа што јавно ја нарекуваше лажга.
Трамп негираше дека ја силувал колумнистката во средината на 90-тите во продавница на Менхетен, пренесуваат светските медиуми.