Турски театар со премиерна изведба на претставата ТИК-ТАК

Националната установа „Турски театар“ вечер со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театар Комедија, премиерно ќе ја изведе претставата ТИК-ТАК.

Адаптација и режија на претставата работена според мотивите на Лорен Бафој и Висенте Вилануева припаѓаат на Синиша Ефтимов, а улогите ги толкуваат Селпин Керим, Осман Али, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Филиз Ахмет и Бурханедин Ибрахим.

Во текот на изведбата ќе се проектира и превод на македонски јазик.

Треба да знаете
Последни објави