Во групата во која бил Ковачев имало лица кои се ризик за безбедностa, велат од Министерството за надворешни работи

Во групата со која на 6 мај сакал да влезе во земјата бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност.

Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.

Од тука се децидни дека сензитивноста на процесот со уставните измени не остава простор за преземање на најмал ризик кој би влијаел негативно на успешното спроведување на измените.

Се додава дека секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија.

Претходно денес, Ковачев порача дека потегот бил огромна грешка и побара објаснување.

Треба да знаете
Последни објави