Во Москва средба посветена на Сирија

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу најави дека денеска ќе отпатува за Москва, каде утре ќе има средба со колегите од Русија, Иран и Сирија.

– Нашата цел е да постигнеме трајна стабилност и мир во Сирија, да соработуваме во борбата против терористичките организации Сили за заштита на народот, Курдска работничка партија, кои сакаат да ја поделат Сирија и да ни се закануваат од таму, и да гарантираме дека Сиријците од Турција ќе се вратат во своите домови на доброволен и безбеден начин, посочи Чавушоглу.

Минатиот декември, министрите за одбрана и шефовите на разузнавањето на Турција, Русија и сирискиот режим на средба во Москва се договорија да продолжат со трилатералните состаноци за да се обезбеди стабилност во Сирија и поширокиот регион.

Во разговорите беше вклучен и Иран, откако претходно Турција изјави дека „би била среќна доколку Иран исто така учествува во процесот“.

Во Сирија од почетокот на 2011 година се води граѓанска војна. 

Треба да знаете
Последни објави