Империја: Второ рочиште по ред обвинителство не може да докаже на кој начин е оштетена државата од Панделевски, тврди одбраната

Денеска на второто рочиште на случајот Империја се докажа тоа што одбраната на Цветан Панделевски го укажува постојано дека Јавното обвинителство и обвинителката Лиле Стефанова и по втората група сведоци и изведување на доказен материјал не успеваа да докажат дека е сторена штета на државата на каков било начин од страна на нашиот клиент, велат неговите адвокати.

Ова е случај на класичен пример на недозволена правна конструкција. Како одбрана на Цветан Панделевски, сметаме дека е неосновано наводното обвинението за нашиот клиент за наводна измама што не може да се види и во диспозитивот каде нема противправно дејствие направено од страна на Панделески.

Јавно прашуваме уште еднаш, што е незаконски и како е оштетена државата за ЈО да го гони Панделевски:

1. Од кога купувањето на акции е кривично дело во Македонија?

2. Дали исплата на средства добиени со продажба на акции како дивиденда во Македонија е кривично дело (трансакции извршени легално преку сметки преку платен промет), а не редовно финансиско работење.

3. Обвинението за злоупотреба на службена положба исто така е неосновано, односно на кого е направена материјална штета според ЈО ?

4. Обвинението за перење пари, најверојатно ниту ЈО не го разбира бидејќи во истото Панделевски не се ниту споменува!

Второ рочиште по ред Јавното обвинителство нема изведено ниту еден доказ дека на државата на некоја начин и е нанесена материјална штета, оттаму нејасно е упорноста со која се води процесот против Цветан Панделевски.

Треба да знаете
Последни објави