Малолетна гостиварка допирана од очувот, седумдесетгодишен професор од Скопје ја допирал малолетничката на која ѝ давал часови

На 08.05.2023 околу 16.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 51-годишниот М.Б. од гостиварско село, кој во 13.15 часот бил пријавен од неговата 40-годишна невенчана сопруга, со која живееле заедно, дека подолго време ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка од првиот брак.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

На 08.05.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје, 48 – годишен скопјанец пријавил дека 70 – годишен скопјанец ја допирал по телото малолетната ќерка на пријавителот, додека била на приватни часови кај 70-годишникот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави