Кошаркарите на Олимпијакос го добија балканското дерби против Олимпијакос so 84-72, и ќе играат на завршниот турнир во Евролигата во Каунас. Грчкиот тим убедливо го доби тускиот и се пласираше меѓу најдобрите четири тима во Европа, каде што претходно пласман обезбеди само Барселона, додека на другите три се играат мајсторки.
Избраниците на Јоргос Барцокас ја контролираа играта од самиот почеток и во неколку наврати во првата четвртина имаа и пет поени предност. Во втората четвртина, по слободните фрлања на Мустафа Фол, Олимпијакос првпат имаше шест разлика – 29:23. Но гостите беа влечени од Марко Гудуриќ, па Фенер направи серија од 8:0 и првпат поведе по слободните фрлања на поранешниот играч на Звезда – 31:29.
Тоа беше и последното водство на тимот од Босфор – Олимпијакос направи серија од 15:0 и отиде на 44:31. Во втората половина од втората четвртина, Фенер постигна два поени, двата на Тајлер Дорси од пенал, со што ја прекина серијата на домашните и го намали резултатот на 44:33.
Во продолжението немаше возбудувања, па избраниците на Барцокас сосема заслужено се пласираа на завршниот турнир кој од 19 до 21 мај ќе се одржи во Каунас.
Водена од своите навивачи во преполната сала „Мир и пријателство“ во Атина, грчката екипа на крилата на Костас Слукас успеа да слави во најважниот натпревар во серијата. Слукас на крајот мечот го заврши со 22 поени и шест асистенции, додека залудни беа оние 26 поени на Гудуриќ.
Утре ќе се знаат сите патници во Ф4 во Каунас. Реал Мадрид против Партизан и Монако против Макаби Тел Авив играат мајсторки, и ќе биде познато кои ќе им се приклучи на Барселона и Олимпијакос во главниот град на Литванија.