Ниту Реал Мадрид ниту Манчестер Сити немаат предност после првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите одигран на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид. На крајот дуелот заврши нерешено 1:1, па патникот во финалето во Истанбул ќе биде решен на реваншот во Манчестер.
И двата тима имаа свои период на доминација и на шанси, и на крајот нерешениот резултат е се чини најреален исход. И покрај тоа што многумина го прежалија тимот на Реал, сепак, тие први поведоа, а потоа Сити тргна по израмнување и успеа да дојде до него.
Манчестер Сити тргна доминантно во мечот, ја имаше иницијативата, неколку закани по голот на Куртоа кој беше сигурен, а потоа главоболки за Гвардиола. Кога Реал воспостави рамнотежа во играта, Винисиус со прекрасен удар од преку 20 метри го совлада Едерсон во 36. минута. Сити се обиде, но не дојде до израмнување на крајот од првиот дел.
Затоа во вториот успеа до него да дојде, и покрај тоа што немаше доминација онаква каква што имаше на почетокот на средбата. Една акција по средината на теренот во која Гундоган го проигра Де Брујне, кој од прва упати прецизен шут во голот на Куртоа во 67. минута. Инаку Куртоа имаше неколку успешни интервенции и при 0-0 и при 1-0 за неговиот тим.
До крајот на мечот Реал Мадрид беше поблиску до предност. Ударот на Бензема со глава беше одбранет од Едерсон, а бразилскиот голман спасуваше и во 90. минута кога упати силен удар, меѓутоа чуварот на мрежата на Сити со крајни напори изби во корнер, и така не дозволи пораз на Сити пред вториот меч.
Реваншот е следната среда 17. мај на „Етихад“.