На 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.05) во полициската станица Центар во присуство на стручен тим од Центарот за социјални работи и неговите родители, извршен е службен разговор со 12-годишен малолетник-ученик од основно училиште на подрачје на Центар, по добиена пријава дека додека бил на час на кој се разговарало за случајот во соседна Србија, почнал да пишува имиња на ученици. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.05.2023 во 18.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, во присуство на родител, бил извршен службен разговор со малолетник – ученик во средно училиште на подрачје на Кисела Вода по претходна пријава од помошник директорка на училиштето дека при преглед од обезбедувањето кај него бил пронајден нож. Ножот бил одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.05.2023) полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар, во присуство на родител и стручен тим од средното училиште во кое учи, извршиле службен разговор со 15-годишен ученик од скопско затоа што при спроведена акциска контрола во која бил извршен преглед на ученици во повеќе училници, кај него бил пронајден електрошок.
Предметот бил одземен и ќе следува соодветен поднесок.