Вечерва во Ливерпул се одржа првата полуфинална вечер на изборот на песна на Евросонг на која пред публиката се претставија 15 земји.
По пребројувањето на гласовите, водителките Јулија Сањина, укранска рој-пеачка и британската актерка Хана Вадингам открија дека Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Србија и Норвешка се пласираа во финалето на Изборот за песна на Евровизија.
Србија ја преставува пеачот Лук Блек, а Хрватска контроверзната група Лет3.
По натпреварувачите настапи и Рита Ора која на евровизиската сцена се појави во црн корсет со соодветни ракавици без прсти, шифон чизми и чизми со врвки до колена.
Таа испеа некои од нејзините најголеми хитови.
Сите учесници во првото полуфинале на Евровизија 2023:
Норвешка
Малта
Србија
Латвија
Португалија
Ирска
Хрватска
Швајцарија
Израел
Молдавија
Шведска
Азербејџан
Чешка република
Холандија
Финска
Второто полуфинале ќе се одржи во четврток на 11 мај, додека финалето на Евровизија 2023 ќе се одржи во сабота на 13 мај.