Јавните површини, паркови, тревници и детски игралишта низ скопските општини се целосно обраснати со висока трева.
Ѓорче Петров, Аеродром, Бутел, Гази Баба се само дел од општините од каде граѓаните објавуваат неискосени зелени површини.
Пролетните дождови, сонцето, но и очигледното отсуство на општинските служби придонесоа детските катчиња и маалските паркови да бидат претворени во мали џунгли, со голема опасност од појава на змии и други влекачи.
Очигледно, како што коментираат скопјани на социјалните мрежи, рефренот „Не косите росну траву“ од легендарниот пејач Тома Здравковиќ им е омилен на скопските градоначалници.