Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна потребата за побрза испорака на артилериски гранати од Европската унија за време на состанокот со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска допатува во Киев за да го одбележи Денот на Европа.
Зеленски ги критикуваше ограничувањата за извозот на жито од неговата земја разурната од војна, кои беа наметнати од соседните земји на ЕУ, велејќи дека мерките се благодет за Русија.
Зеленски и фон дер Лајен разговараа и за европската интеграција, одбранбените прашања и санкциите против Русија, пренесува Франс прес.
Шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен за Киев отпатува со ноќен воз од Полска. Украинскиот претседател донесе декрет 9 мај да се прославува во негопвата земја како Ден на Европа, како и во Брисел, отфрлајќи ја традицијата на Денот на победата во Втората светска војна во поранешниот Советски Сојуз.