Mаж влегол во Соборниот храм во Ниш и оставил заканувачки писмо, дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив. Kако што пишуваат српските медиуми, човекот е забележан на 7 мај од црковната безбедносна камера, а видеото веќе кружи на социјалните мрежи.
Имал долга коса и носел ранец на грбот. Тој ја искористил приликата за време на крштевањето и влегол во олтарот каде оставил заканувачко писмо дека ќе ги убие сите свештеници со експлозив. Од полицијата во Ниш, велат дека овој случај им e пријавен во понеделникот на 8 мај и дека истрагата е во тек.
Судот во Белград денеска му одреди притвор на 53 годишен белграѓанец, со иницијали Л.Н. поради заканите што ги упатувал на работното место: „Нема да лаам, туку ќе направам масакр овде и тоа поголем од Младеновац“.
Тинејџери и возрасни луѓе во Србија се закануваат со масакри, откако им се случија два такви настани минатата недела.
Изминативе денови во Србија се пријавени повеќе од 120 инциденти поради закани од ученици. И во регионот имаше закани.
Две млади момчиња од Црна Гора, од кои едното малолетно, се уапсени откако кај нив е пронајдено поголемо количество оружје и муниција.