Откако федералната порота на Менхетен денеска донесе одлука дека Доналд Трамп во 1996 година сексуално ја нападнал писателката Елизабет Џин Керол, се огласи поранешниот американски претседател на социјалната мрежа „Вистина“.
-Апсолутно немам поим која е оваа жена. Пресудата е срамна – продолжување на најголемиот лов на вештерки на сите времиња, напиша Трамп.
Само неколку часа претходно на истата социјална мрежа Трамп ги нарече американските демократи партија на дезинформации, која го прогонува по сите судови.
-Демократите се партија на дезинформации. Кога ќе кажат нешто, тоа обично значи спротивно, како во случајот со претстојните избори во 2024. Велат дека сакаат Трамп да им биде противник, но не го мислат тоа. Жестоко ме прогонуваат по сите судови затоа што не сакаат да се натпреваруваат со мене, напиша тој и додаде:
– Два пати победив, вториот пат имав подобар резултат, а сега ќе го сторам тоа по трет пат, додаде Трамп.
Трамп денеска поротата го прогласи за виновен во граѓанската тужба што Керол ја покрена против него. Поротата составена од шест мажи и три жени нареди Трамп да ѝ плати на жртвата пет милиони долари отштета. Поротата одлучи да и додели на Керол два милиони долари за силувањето и три милиони бидејќи Трамп беше прогласен за виновен за клевета и за тоа што јавно ја нарекуваше лажга.