Промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски

Промоција на поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски, ќе се одржи во четврток (11 мај), во Културно-информативниот центар, во изложбениот салон „Империјал 1“, со почеток во 20 часот.
За книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а песни ќе читаат Борче Николовски и актерот Исмет Шабановиќ.

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година.
Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици.
Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките Вечери на Поезијата, за книгата „Човек“ (2019).
Сè уште живее и работи во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави