Според српските медиуми полицијата при претресот во домот на Радиша Блажиќ, таткото на убиецот Урош, пронашла цел арсенал на оружје. На поранешниот припадник на војската на Србија, Радиша му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.
Татко на Урош (21) е уапсен со цел да се утврдат фактите поврзани со потеклото на оружјето со кое неговиот син извршил низа кривични дела – уби 8, а рани 14 лица.
Припадници на српско МВР го привеле Р.Б. кој сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Со претрес на стан и други простории што ги користел пријавениот во околината на Младеновац, полицијата пронашла и одзела две воени дозволи за пушка карабина со оптика и револвер, пиштол со две рамки, две оптики за ловечка пушка, револвер , неколку стотици парчиња муниција од различен калибар, како и рачно изработен уред со можност за активирање.
Предвидената затворска казна за ова дело е од две до 12 години.
Медиумите пред неколку дена објавија дека овој човек починал од срцев удар, по масакрот кој го направил неговиот син.