Загина велешанец, се истумбал со „корса“ на автопатот Скопје-Велес, повредени и два тинејџерки

На 10.05.2023 околу 00.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес патничко возило „опел корса” управувано од С.Н.(30) од Велес, излетало од коловозот.

Во несреќата, од здобиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со тешки телесни повреди се здобила Б.П.(19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави